Во болниците се лекуваат 1 165 пациенти со Ковид-19
![Во болниците се лекуваат 1 165 пациенти со Ковид-19](https://gdb.rferl.org/2d129913-4065-4aa0-a20a-98b091356686_w800_h450.jpg)
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1165 и има околу 670 празни болнички кревети во ковид центрите. Во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 692 пациенти, додека во Скопје 473 позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.
Од таму посочуваат дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Министерството за здравство, исто така, информира дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород и дека имаат увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.