Долга работна недела, ниска продуктивност и мали плати
![Долга работна недела, ниска продуктивност и мали плати](https://gdb.rferl.org/9DC2CBDE-DBD3-4CEC-AADB-6E7987C01E90_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Работниците во земјава работат најдолго, а земат меѓу најмалите плати, но не може да се пофалат со продуктивност. Потребни се промени во образованиете, инвестиции во технологијата, почитување на работничките права за да се зголеми продуктивноста, што би довело и до поголеми плати.