Цариници од возач на автобус одзеле 100 илјади швајцарски франци
![Цариници од возач на автобус одзеле 100 илјади швајцарски франци](https://gdb.rferl.org/ef1e84fd-2814-449f-a30a-22260544be06_w800_h450.jpg)
Цариници пронашле и одзеле 100 илјади швајцарски франци од возач на автобус на граничниот премин Деве Баир со Бугарија. Од Царинската управа соопштија дека при контрола на автобус кој сакал да излезе од државата на граничниот премин Деве Баир, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржале 100 илјади швајцарски франци.
Парите биле пронајдени во внатрешните џебови на панталоните на возачот кој управувал со автобус со македонски регистерски таблички. Автобусот е на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О државјанин на Турција. Автобусот сообраќал на редовна линија Гостивар - Истанбул.
Парите биле сместени во две пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака.
Сугарески разрешен од в.д. директор на Царина
Девизите привремено се одземени, а против возачот на автобусот кај кого биле пронајдени парите ќе биде поднесено барање за прекршочна постапка до Основниот суд Во Крива Паланка, соопштуваат од Царинската управа.