Индонезиската морнарица заплени танкер со скоро 5000 тони отпадно масло
![Индонезиската морнарица заплени танкер со скоро 5000 тони отпадно масло](https://gdb.rferl.org/B63E08AA-A3DC-4189-AA9B-3EF2158205D4_w800_h450.jpg)
Индонезиската морнарица запленила танкер за кој се верува дека превезувал скоро 5000 тони отпадно масло и го испратила бродот до брегот поради понатамошна истрага, соопштија денеска тамошните власти.
Танкерот „Зодијак стар“, кој плови под панамско знаме, бил лоциран вчера откако морнарицата добила дојава за сомнителен товар.
Индонезиската морнарица заплени танкер за нафта баран во Камбоџа
Бродот е испратен до поморската база во Батам, во северозападниот дел од индонезискиот архипелаг, недалеку од Сингапур.
Властите соопштија дека танкерот со 18 членови на посадата бил фатен со 4600 тони отпадно масло без соодветни документи.
Казната за вакво дело е до пет години затвори и околу 42 илјади долари.
Танкери кои пловеле под знамиња на Иран и Панама беа запленети во јануари поради сомнеж дека нелегално превезувале нафта во индонезиски води, а беа пуштени по четиримесечен притвор и казна од скоро 140 илјади долари за изливање нафта во морето.