Најмалку осуммина загинати во поплавите во Њујорк
Најмалку осум луѓе загинаа во поплавите во Њујорк предизвикани од ураганот Ида, соопшти локалната полиција. Американската сојузна држава Њујорк ноќеска прогласи вонредна состојба поради поплавите.
Во подрачјето загрозено од поплавите живеат околу 20 милиони луѓе.
Вонредна состојба во Њујорк поради поплавите предизвикани од ураганот Ида
Метеоролошката служба регистрирала дека синоќа паднале 8,11 сантиметри дожд за еден час во Централниот парк во Њујорк.
Ураганот Ида го погоди централниот дел од источниот, атлантски брег на САД, предизвикувајќи поплави и торнада.
Ураганот Ида кој беше од 4 категорија со ветрови со брзина до 240 километри на час, откинувајќи покриви и уривајќи далноводи, се приближи кон брегот во неделата. Тој претставува еден од најсилните урагани што некогаш го погодил тој регион, јавува новинската агенција Асошиетед Прес. Спасувачките екипи извлекоа стотици луѓе од надојдената вода на 30 август, откако ураганот Ида ја погоди американската држава Луизијана, оставајќи пустош.
Научниците предупредија на зголемена активност на различните циклони поради загревањето на површината на океаните и климатските промени, што претставува сè поголема закана за крајбрежните населени места во целиот свет.