Заев - Рокади на попишувачите за граѓаните кои не сакаат да примат невакцинирани попишувачи
![Заев - Рокади на попишувачите за граѓаните кои не сакаат да примат невакцинирани попишувачи](https://gdb.rferl.org/878d9d2a-c9c1-4fbd-b1f7-8a30e2963b47_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Кога ќе се случат ситуации граѓани да не сакаат да примат попишувачи кои се невакцинирани ќе бидеме максимално флексибилни и може да се направи рокада на попишувачите за да им се излезе во пресрет на граѓаните, рече денеска премиерот Зоран Заев.
Тој изрази уверување дека нема да има проблеми при спроведувањето на пописот.
Бојкотот на пописот е штетен за државата
„Ќе се трудиме секојпат со максимална флексибилност. Разговарав со министерот за правда и во една прилика и со директорот на Заводот за статистика каде што секако кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите за да може флексибилно да излеземе пред сè во барањата и очекувањата на граѓаните“, рече премиерот при посетата на средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.
Заев рече дека е мал процентот на ваквите реакции, затоа што и поголем дел од попишувачите се вакцинирани, а, како што рече, и над 50 проценти од граѓани над 40 години се исто така вакцинирани.
Пописот ќе почне в недела, на 5-ти септември, и ќе трае до 30-ти септември. До тој ден ќе трае и онлајн пописот на дијаспората што почна на 1 март. До денеска до 7.30 часот во дијаспората се попишани 190.890 граѓани.