Италија бара Авганистанци кои побегнале во соседните земји
Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека дипломатите се обидуваат да ги лоцираат Авганистанците кои работеле со Италија и избегале од својата татковина во Иран и други земји што се граничат со Авганистан.
Драги додаде дека „за среќа“ многу Авганистанци избегале, но неговата земја сака да ги лоцира оние што работеле со Италија.
Пред да го прекине воздушниот сообраќај од Кабул на 27 август, Италија евакуираше скоро 5.000 Авганистанци кои работеа со италијанската војска за време на 20-годишната мисија во Авганистан, како и нивните семејства и други за кои се верува дека се под ризик откако Талибанците ја презедоа власта.
Преговори со Талибанците за повторно отворање на аеродромот во Кабул
Драги не кажа колку Авганистанци бара неговата земја. Тој истакна дека Авганистанците кои веќе пристигнале во Италија веднаш добиваат статус на бегалец и ги пофали италијанските заедници што ги интегрирале во локалното општество.
Во меѓувреме, портпаролот на Талибанците Ахмадула Мутаки на Твитер објави фотографија од воени авиони на Катар на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи.
ЕУ размислува за сили за брза реакција по евакуацијата од Кабул
Тоа е прва воздушна активност во главниот град од понеделникот, кога последниот американски лет за евакуација го напушти Авганистан, со што заврши најдолгата американска војна.