Се враќаат домашните летови во Авганистан
![Се враќаат домашните летови во Авганистан](https://gdb.rferl.org/F2E9637C-2556-4F1B-86B2-B5828DD249C1_w800_h450.jpg)
Авганистанската авиокомпанија Аријана Ерлајнс соошти дека од денеска ќе се стават во функција домашните летови. Менаџерот на компанијата Тамим Ахмади за новинската агенција Франс прес изјави дека добиле зелено светло од талибанците и воздухопловните власти и дека од денеска планираат да почнат со летови.
Новинската куќа Ал Џезеира цитирајќи висок претставник на авганистанската цивилна асоцијација објави дека засега само домашните летови ќе бидат пуштени додека за им биде потребно повеќе време пред да се рестартираат.
„Немаме пари“: Талибанците го втурнаа Авганистан во економски хаос
Делови од аеродромот во Кабул и натаму се затворени откако САД целосно ги повлече своите војници по 20 години присуство во земјата. Во тек се меѓународни напори за продолжување на операциите таму за да се олесни хуманитарната помош и понатамошната евакуација.
УНХЦР предупредува на уште поголема хуманитарна криза во Авганистан
Министерот за надворешни работи на Катар, Мохамад бин Абдулрахман ал-Тани, изјави дека арапската држава работи со Талибанците за повторно отворање на аеродромот во Кабул „што е можно поскоро“.
Катар соработува со Турција за потенцијална техничка поддршка за повторно започнување на операциите на аеродромот. Ал Тани изјави дека се надева на „добри вести“ во наредните денови во врска со отворањето на аеродромот.