Европскиот центар за контрола на болести- Трета доза вакцини само за луѓе со ослабен имунитет
Европскиот центар за превенција и контрола на болести смета дека засега нема итна потреба од трета доза вакцина за општата популација. Оттаму препорачуваат дополнителни дози или „засилувачи“ за луѓе со ослабен имунолошки систем, во согласност со ставот на СЗО. Европскиот центар за превенција и контрола на болести наведува дека приоритет е да се вакцинираат оние кои не ја завршиле вакцинацијата. Дополнително во соопштението се наведува дека сите вакцини одобрени во ЕУ штитат од хоспитализација и тешки форми на ковид-19.
МЗ: Поголема смртност во градовите со малку вакцинирани
Во земјава заклучно со 2 септември вакцинирани се вкупно 737.060 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.475 граѓани, а само вчера вкупно се вакцинирале 13.037 граѓани, информираат од Министерството за здравство. Во државата досега вкупно се аплицирани 1.292.383 дози вакцини, а ревакцинирани се 555.322 граѓани. Во меѓувреме тече вакцинацијата на сите пунктови низ државата. Во тек е и теренската имунизација.
Според последните бројки, 53 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
Зошто Македонија е во топ пет земји по смртност од ковид?
Од Министерството уште еднаш нагласуваат дека вакцините се безбедни, ефикасни и дека се единствениот начин да се победи пандемијата.
„Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување и од смртен исход“, велат од Министерство.
Во Македонија од почетокот на пандемијата се дијагностицирани 178.159 случаи, оздравеле 157.294 пациенти, а починале 5.987. Бројот на активни случаи изнесува 14.878. Вчера, КОВИД-билансот покажа 760 новозаразени, оздравени 644 лица и починати 23.