Уште 7 дена јавен увид во Избирачкиот список
За седум дена истекува рокот за јавен увид во Избирачкиот список. Јавниот увид во Избирачкиот список може да се направи во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија и електронски преку веб страната на ДИК. До 1 септември вкупно 10 724 лица се провериле во Избирачкиот список, велат до Државната изборна комисија.
„Поднесени се вкупно 27 барања за запишување во Избирачкиот список, 23 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 15 барања за измена на податоците во Избирачкиот список,“ посочија од ДИК.
Рокот за поднесување на кандидатските листи за градоначалници и советници до Општинските изборни комисии истекува на 11 септември на полноќ. Истовремено тече рокот и за пријавување на набљудувачи на локаните избори.
До крајот на неделава се очекува во земјата да пристигнат првите 200 терминали од компанијата „Дермалог“ за вчитување на отпечатоци од прсти на гласачите. Вакви терминали ќе се применат првпат на овие избори.