Стартува теренскиот попис
Пописот на население, домаќинства и станови, 2021 започнува на 5 септември, во 8 часот, а ќе заврши на 30 септември, во 20 часот. Резултатите се очекуваат најдоцна за четири месеци. По пауза од 19 години повторно се спроведува оваа статистичка операција. Попис последен пат во земјава имаше во 2002, а обидот за попишување во 2011 беше неуспешен.