МЗ: Од 26 пациенти 14 загинаа во пожарот во тетовската болница
Вкупно 14 луѓе загинаа во пожарот кој синоќа ја зафати модуларната тетовска болница во кои беа лекувани болни од ковид-19, велат од министерството за здравство. Во нивното соопштение е наведено дека во ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди, се вели во соопштението.
„Министерството за здравство изразува сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа. Министерството во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот, апелираме до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан“ се посочува во соопштението.
Изгоре ковид-центарот во Тетово, потврдени 14 починати
Во меѓувреме од кабинетот на претседателот известуваат дека се откажани сите настани планирани за денеска по повод 8 Септември, Денот на независноста, поради пожарот што настана синоќа. Одложени се и денешните седници на собраниските комисии за образование и наука, како и за европски прашања
Бројот на загинати во пожарот во Тетово се искачи на 14
Пожарот избувна синоќа околу 21 часот во Болницата во Тетово и за кратко време целосно изгоре Ковид центарот. Во гаснењето учествуваа над 30 пожарникари кои интервенираа со седум возила. Пожарот е изгаснат за речиси половина час.