Русија испрати засилување за воените сили во Таџикистан
![Русија испрати засилување за воените сили во Таџикистан](https://gdb.rferl.org/25bb7c28-90c8-4ba7-9611-dbbe64569ddc_w800_h450.jpg)
Русија испрати 12 оклопни возила и воена опрема во Таџикистан, објави Министерството за одбрана во саботата, 11 септември. Москва неодамна одржа воени вежби во Таџикистан и испрати дополнителна воена опрема во базата, која е најголема во странска земја, пренесува Ројтерс.
Русија изрази загриженост дека ситуацијата во Авганистан, каде Талибанците ја преземаа власта по повлекувањето на американските и другите странски сили, може да доведе до дестабилизација во регионот.
ОН: Одговорот на Талибанците на протестите во Авганистан е насилен
„За да спречиме нестабилност недалеку од јужната граница на Таџикистан, ние работиме заедно за да ја обезбедиме безбедноста на нашите земји“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Руските војници се редат пред почетокот на заедничките воени вежби со Таџикистан и Узбекистан северно од границата на Таџикистан со Авганистан на 10 август 2021 година.