Бајден повика на национално единство на 20 годишнината од нападите на 11 септември
Американскиот претседател Џо Бајден во видео порака по повод 20 годишнина од терористичките напади на 11 септември ги повика Американците да покажат национално единство. Бајден го нарече единството „главна лекција“ за нападите во кои загинаа речиси 3.000 луѓе кога патнички авиони киднапирани од терористите на Ал Каеда се урнаа во Светскиот трговски центар во Њујорк, Пентагон и полето во Пенсилванија.
Бајден вели дека на 11 септември 2001 година „херојство било забележливо насекаде“ и тоа на очекувани но и неочекувани места.
„Ние исто така видовме и нешто исто така ретко, вистинско чуство за национално единство,“ изјави Бајден.
Како 11 септември 2001 година го смени светот
Тој го нарече единството „најголема сила“ на земјата.
„ Тоа не значи дека Американците треба да веруваат во истото, но ние мора да имаме фундаментална почит и верба едни кон други и во оваа нација,“ посочи Бајден во неговата порака.
Апелот на претседателот доаѓа по се погласните поделби на Американците околу пандемијата ковид-19, вакцинацијата против коронавирусо, повлекувањето од Авганистан и правото на абортус.
Претседателот и првата дама на одбележувањето на 20-годишнината од нападите во 2001 година, ќе ги посетат сите три локации каде што се урнаа авионите, но не се очекува Бајден јавно да зборува за време на церемониите.