Нови мерки за поддршка на граѓаните и бизнисите во Грција
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис соопшти дека владата ќе донесе нови мерки за поддршка на граѓаните и бизнисите. Дел од нив се низа даночни олеснувања, намалувања на ДДВ-то во одредени области, покривање на зголемувањето на цената на струјата, специјален план за поддршка на младите, 50 гигабајти интернет за вакцинираните тинејџери.
Мицотакис го претстави владиниот план за, како што рече „Грција која се менува, Грција која чекори напред и гледа нагоре“, што содржи мерки за справување со зголемувањето на цените, даночни олеснувања за домаќинствата, бизнисите и сопствениците на недвижнини, но и мерки за младите.
„Продолжуваат да ги олеснуваат даночните и осигурителните товари. Се однесуваат на приходите и на имотот на средната класа. Но, истовремено го олеснуваат претприемништвото. Ги поддржуваат погодените од пандемијата, пред сè невработените, но во исто време гледаат напред,“ изјави Мицотакис.
Мерките во Грција ќе важат и за невакцинирани туристи
Ревидирале поставената цел за раст за 2021 година од првичните 3,6 отсто на 5,9 проценти. Тој најави 24 мерки кои се проценува дека се во висина од над три милијарди евра и се однесуваат како на оваа, така и на следната година.
Дополнително соопшти даночни олеснувања и за сопствениците на бизниси.
Мицотакис посочи дека во однос на пандемијата „економијата и општеството нема повторно да затворат“ и порача дека вакцината, која е безбедна и ефикасна им е достапна на сите граѓани.