Борис Џонсон ќе го претстави планот за вакцинирање со трета доза
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе го претстави планот за таканаречена бустер вакцинација против КОВИД-19 за најранливите и постарите лица, односно аплицирање на трета доза од вакцината. Канцеларијата на Џонсон соопшти дека владата ги добила последните совети од Заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација (JCVI) за оваа програма, а премиерот и министерот за здравство ќе наведат како ќе се спроведе таа.
Британија порачала уште 35 милиони дози Фајзер за следната година
Комитетот претходно даде привремен совет постарите и ранливите луѓе да бидат приоритет за секоја „бустер“ програма и дека таа може да започне во септември.
Владата на Џонсон веќе најави дека ќе ги укине плановите за вакцинални пасоши и оти би вовела затворање само како последно средство. Наместо тоа, владата ќе ги интензивира вакцинирањето и тестирањето.