Трета доза вакцина за хронично болните во Грција
Од денеска е отворена платформата за закажување термин за вакцинација со трета доза за одредени категории граѓани во Грција кои имаат хронични болести, а станува збор за околу 285.000 лица.
Кон крајот на август годинава Комисијата за вакцинација даде зелено светло за трета доза со мРНА вакцина за: лица кои имале трансплантации на срж или матични клетки, лица кои се на листата за трансплантација, лица со бубрежна инсуфициенција подложени на дијализа, пациенти со рак кои примаат хемотерапија, пациенти со автоимуни заболувања и лица со ХИВ.
Недовербата и лажните вести ја забавуваат вакцинацијата
Според претседателката на Комисијата за имунизација во грчкото Министерство за здравство Мариа Теодориду, се разгледуваат и категориите што ќе следат за трета доза од вакцината, а тоа ќе бидат лицата згрижени во домовите за стари лица како и граѓаните над 60-годишна возраст.
Во Грција досега се аплицирани 1,.5 милиони дози од вакцината, над 6 милиони граѓани се вакцинирани со една доза, односно 58,5 отсто од вкупното и 67,6 проценти од полнолетното население.
Целосно имунизирани се 5,8 милиони лица.