Времето денеска облачно, температурата до 33 степени
![Времето денеска облачно, температурата до 33 степени](https://gdb.rferl.org/0D02505B-BB80-4738-9569-2E9F021E6FF2_cx0_cy18_cw0_w800_h450.jpg)
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Преку денот ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 28 степени.
Променливо облачно ќе биде и утре претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Услови за локален пороен дожд ќе има и во понеделник. Од вторник ќе преовладува претежно стабилно време со пониски дневни температути, информираат од УХМР.