Од реновирање на Кремљ до катни гаражи во Чаир
![Од реновирање на Кремљ до катни гаражи во Чаир](https://gdb.rferl.org/88a76511-7723-45a7-90f3-adf836afa849_w800_h450.jpg)
Локалните власти најавија решавање на проблемот со паркингот во Чаир преку изградба на катни гаражи во соработка со компанијата Мабетекс на контроверзниот косовски бизнисмен Беџет Пацоли. Неговата компанија во 90-тите го реновираше Кремљ, за што имаше сомнежи за корупција. Компанијата најмногу соработува со казахстанските власти.