Извршители и полицајци убиени при обид да иселат луѓе во Казахстан
![Извршители и полицајци убиени при обид да иселат луѓе во Казахстан](https://gdb.rferl.org/9de4621f-ae8c-4e2b-a935-4a2de61f47c2_w800_h450.jpg)
Најмногу пет луѓе загинале во Казахстан, од кои двајца полицајци откако кон нив пукал човек кај кого дошле службениците со налог за иселување, соопшти полицијата. Настанот се случил во најголемиот град во Казахстан, Алмати.
Човек на околу 50 години отворил оган врз судските извршители и другите службеници кои попладнево отишле да ја извршат наредбата за иселување.
Русин убил двајца извршители кои дошле да му ја земат куќата
Полицијата во Алмати соопшти дека осомничениот е приведен и дека „ситуацијата е под контрола“.
Во Алмати живеат околу 1,8 милиони луѓе.