Средба во Кабул меѓу претставници на Русија, Кина и Пакистан со Талибанците
Вршителот на должноста шеф на авганистанската влада предводена од Талибанците, Мула Мухамед Хасан Ахунд, се сретна во Кабул со претставници од Русија, Кина и Пакистан, објави денеска на Твитер талибанскиот претставник Ахмадула Мутаки.
Мутаки исто така објави фотографии на кои се гледа рускиот пратеник за Авганистан Замир Кабулов, специјалниот претставник на Пакистан за Авганистан Мохамад Садик Кан и специјалниот пратеник на Кина во Авганистан Јуе Ксиајонг.
Мутаки, исто така, наведе дека Талибанците биле претставувани в.д. министерот за надворешни работи Амир Кан Мутаки и в.д. министерот за финансии Хадејатула Бадри. Детали за состанокот не беа веднаш достапни.
Генерално Собрание на ОН- прв говор на Џо Бајден
Москва и Пекинг покажаа обединет фронт за Авганистан во пресрет на минатомесечното избрзано завршување на повлекувањето на силите предводени од САД од земјата зафатена од војна, а руските и кинеските лидери одржаа консултации за ситуацијата по вакуумот во моќта што произлезе од падот на владата поддржана од Западот и последователното заземање на власта од страна на Талибанците.
Во последниот таков контакт, рускиот претседател Владимир Путин телефонски на 25 август разговараше со неговиот кинески колега Си Џинпинг.
Кинеските медиуми по разговорот објавија дека Путин му рекол на Си оти ги дели кинеските позиции и интереси во Авганистан и дека е подготвен да работи со Кина за да „спречи странски сили да се мешаат и да го уништуваат“ Авганистан.