Заклучување на избирачкиот список на дневен ред во ДИК
![Заклучување на избирачкиот список на дневен ред во ДИК](https://gdb.rferl.org/06F86BEA-2D9B-4F44-BBCC-7C6DB49C5894_w800_h450.jpg)
ДИК вечер на јавна седница ќе дебатира за заклучување на избирачкиот список за локалните избори закажани на 17 октомври. Избирачкиот список и изводите од него ДИК треба да ги потпише најдоцна до 1 октомври. Како што информираат од ДИК, на вечерашната седница исто така треба да се утврди и изгледот на гласачкото ливче.
Претходно дел од членовите на ДИК најавија дека нема се потпишат на заклучувањето на избирачкиот список поради проблемите кои настанаа со регулирање на гласачкото право на 700 граѓани кои во своите лични карти ја имаат наведено општината Бутел а според територијалната поделба треба да стои Чучер Сандево.
Утврдените листи на кандидати за Локалните избори веќе се објавени како од страна на ДИК , така и од страна на општинските изборни комисии, познати се кандидатите како за градоначалници така и за членови на советите во локалните самоуправи.
Предизборно „штанцање“ градежни дозволи
Од ДИК посочуваат дека подготовките за изборите се интензивни и дека се работи паралелно на завршување на повеќе активности.