Индија наредниот месец ќе извезе осум милиони вакцини против коронавирус
![Индија наредниот месец ќе извезе осум милиони вакцини против коронавирус](https://gdb.rferl.org/ee31ab79-2706-4761-b31e-cde4d36d1e80_w800_h450.jpg)
Индија до крајот на октомври ќе извезе осум милиони дози од вакцината против коронавирус, откако ја укина забраната за извоз на вакцини, соопшти тамошното Министерство за надворешни работи.
Премиерот Нарендра Моди тоа го ветил и на вчерашниот Самит на лидерите на САД, Индија, Австралија и Јапонија што се одржа во Вашингтон.
Најголем дел од вакцините на производителот Џонсон и Џонсон ќе бидат наменети за земјите во азиско-пацифичкиот регион.
Што се знаеме за Делта варијантата на Ковид-19
Индиските власти оваа недела ја укинаа забраната за извоз на вакцини, зашто во Индија се намали бројот на заболени и починати од коронавирусот, а вакцинацијата е забрзана.
Индија е еден од најголемите светски производители на лекови. Земјата соопшти дека до крајот на наредната година ќе испорача една милијарда дози од вакцините против коронавирус, но испораките без запрени во мај поради растот на бројот на заразени и починати во земјата.
Околу 47 отсто од населението во Индија примило барем една доза вакцина, а 16 отсто ги примиле двете дози.