Шефот за трговија на САД ќе ја претстави трговската стратегија на Бајден за Кина
Трговската претставничка на САД Кетрин Таи ќе ја откри долгоочекуваната стратегија на администрацијата на претседателот Џо Бајден за проблематичните трговски односи меѓу САД и Кина, соопшти нејзината канцеларија.
Таи ќе даде забелешки за нејзиниот преглед на кинеската трговска политика во Центарот за стратешки студии во Вашингтон и ќе учествува на сесија со прашања и одговори. Откако ја презеде функцијата во март, Таи спроведува целосен преглед на кинеската трговска политика на Вашингтон.
Телефонски разговор меѓу лидерите на САД и Кина, Бајден и Џинпинг
Претседателот Бајден ги задржа тарифите за стотици милијарди долари кинески увоз, воведени од поранешниот претседател Доналд Трамп, но неговата администрација досега нема откриено за тоа како ќе се справи со, како што ги нарекува, кинеските практики за пазарна трговија и субвенционирање.