Кизов: Има комплекс на пропусти и одговорности за пожарот во Тетово
![Кизов: Има комплекс на пропусти и одговорности за пожарот во Тетово](https://gdb.rferl.org/00ed0000-0a00-0242-30c6-08d987fe4a41_cx0_cy36_cw100_w800_h450.jpg)
Истрагата на тетовското обвинителство досега покажува дека пожарот во модуларната болница во Тетово не е предмет само на човечка грешка, вели поранешниот обвинител Константин Кизов. Според него, набавката, изведувачот, приемот и ракувањето со болницата се комплекс на пропусти и одговорности, а обвинителите ќе треба да ја утврдат поединечно одговорноста.