Белорусија: офицер осуден на затвор поради учество во протести
Белоруски суд осуди полковник од воздухопловните сили на две години затвор за учество во масовен протест минатата година против официјалните резултати од изборите во Белорусија по кои шестиот последователен мандат му беше доделен на авторитарниот лидер Александар Лукашенко. Окружниот суд во Минск го прогласи Алјаксеј Сјанку за виновен за „учество во јавни настани кои бесрамно го нарушија општествениот поредок“ во центарот на главниот град во август 2020 година.
Белорусија: кривично дело е и кога носите погрешни чорапи или танцувате
43 -годишниот Сјанку беше уапсен на почетокот на јули и отпуштен од работа во Истражниот комитет, каде што работеше на различни позиции од 2012 година. Тој пред судот тврдеше дека е невин. Белорусија беше зафатена од протести минатата година по претседателските избори на 9 август, за кои опозицијата и Западот велат дека биле наместени.
Обид да се затвори водечката новинарска асоцијација во Белорусија
Десетици илјади луѓе беа приведени за време, но и по масовните протести на кои бараа оставка на Лукашенко. За време на протестите неколку демонстранти се убиени и имаше, како што велат групите за човекови права, веродостојни извештаи за тортура во полициските акции чија цел беше задушување на протестите. Голем дел од раководството на опозицијата е затворено или принудено на егзил.
Белорускиот опозиционер Виктор Бабарика осуден на 14 години затвор
За време на судењето, Сјанку изјави пред судот дека бил на августовскиот протест за да фотографира, и дека тој ден не учествувал во судирите помеѓу полицијата и демонстрантите. Тој рече дека бил придружуван од неговиот помлад брат Јуриј Сјанку, кој беше уапсен во април, а подоцна осуден на три години затвор под слични обвиненија како и за поттикнување социјален раздор преку социјалните мрежи.