Признавањето на талибанската влада не е во фокус на разговорите во Доха
Висок дипломат на Катар го минимизираше прашањето за признавање на новата талибанска влада во Авганистан и наведе дека фокусот на разговорите е владата да се фокусира на хуманитарни прашања додека расте меѓународниот притисок таа да ги почитува човековите права.
Денешната изјава доаѓа додека делегации на талибанците и на Европската унија треба да се сретнат во Доха.
„Ние мислиме дека признавањето не е приоритет“, рече Мутлак Ал-Катани, специјален пратеник на катарскиот министер за надворешни работи на форумот во Доха.
Тој додаде дека приоритет е да се разговара за хуманитарните прашања, образованиетои слободно движење на патниците. Катар игра клучна дипломатска улога во Авганистан пред и откако талибанците ја урнаа меѓународно признатата влада во Кабул во средината на август.
Доха повеќе од една година е домаќин на меѓуавганистанските мировни договори кои се одржуваа пред талибанците да ја преземат власта.