Еден ранет, десетина повредени и приведени по инцидентите на Косово
![Еден ранет, десетина повредени и приведени по инцидентите на Косово](https://gdb.rferl.org/052e0000-0a00-0242-d707-08d98e431e81_cx8_cy18_cw91_w800_h450.jpg)
Во северниот дел на Косово, каде што живеат Срби, дојде до судири на полицијата и демонстранти, при што има неколку повредени, еден ранет и осумина уапсени. Полицијата употреби солзавец против насилните демонстранти кои протестираа против акцијата на косовската полиција за сузбивање на шверц.