Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Во Романија и Бугарија расте трговијата со лажни сертификати за вакцини

0
Во Романија и Бугарија расте трговијата со лажни сертификати за вакцини

И додека Романија и Бугарија се соочуваат со скок на случаи на коронавирус, лекувањето на новозаболени пациенти се комплицира со распространетоста на лажни потврди за вакцина. Лекарите ги молат луѓето да бидат искрени. Алисон Мутлер

Додека лежел на умирање од ковид-19 во одделот за интензивна нега во централна Романија, еден млад човек им рекол на медицинските лица дека неговиот сертификат за вакцина бил лажен. Тој не бил првиот човек кој им признал на медицинските лица во болницата Сибиу дека добил фиктивен сертификат, но тој бил најмладиот. За жал, било предоцна и тој починал.

„Имаме пациенти кои се хоспитализирани и бараат од нас вакцини“, рече менаџерот на единицата Јоана Кодру, додавајќи: „Ние им кажуваме дека штом сте на интензивна нега, нема превентивна мерка што може да се преземе“.

Бугарија поради пандемијата ја продолжи вонредната состојба до декември

Со оглед на тоа што Романија и соседна Бугарија се соочуваат со скок на случаи на коронавирус, предизвикот за лекување на приливот на новозаболени пациенти се комплицира со распространетоста на лажни потврди за вакцинација.

Лесни за добивање и тешки за следење, тие се симптоматични за ендемичната корупција во двете најсиромашни земји-членки на ЕУ - и укажуваат на широката недоверба кон вакцините против коронавирус.

Романскиот претседател Клаус Јоханис оцени дека ситуацијата во врска со пандемијата е „катастрофална“. Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс и Светската здравствена организација, на 11 октомври Романија забележа 1,45 смртни случаи на 100,000 луѓе, а Бугарија 1,23. Просекот на Европската унија за тој ден беше 0,13 смртни случаи.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Бугарија има најниска стапка на вакцинација против коронавирус во ЕУ, со 23,5 проценти од жителите кои се целосно вакцинирани. Романија ја има втората најниска стапка, со само 34,1 проценти

Вакциналните сертификати некаде ги бараат, а некаде не

Неодамнешниот скок на случаи на коронавирус помогна да се разоткрие практиката за добивање лажни сертификати за вакцинација. Кристијан Оанчеа, менаџер на болницата за инфективни болести во Темишвар, град во западна Романија, беше еден од првите лекари што јавно проговори за фалсификатите.

„Се сомневаме дали некој навистина е вакциниран кога гледаме млади пациенти со многу тешки форми на болеста“, рече тој.

Додека лекарите ги третираат тешко болните пациенти во преоптоварените единици за интензивна нега во Романија, тие ги молат луѓето да бидат искрени. „Ги охрабруваме пациентите да бидат директни и искрени со медицинскиот персонал и да дадат точни информации за да се даде вистинскиот третман“, изјави Децебал Тодарита, портпарол на итна болница Сибиу.

Луѓето со лажни потврди за вакцинација се веќе регистрирани во системот како целосно вакцинирани. За да добијат официјална вакцинација тие треба да почекаат додека не се квалификуваат за трета доза - иако, во реалноста, таа би била нивната прва.

Поранешната романска министерка за здравство Јоана Михаила кон крајот на август изјави дека Министерството добило извештаи од лекарите „дека сѐ повеќе пациенти кои изгледаат вакцинирани и имаат умерени до тешки форми на вирус, признаваат дека не биле вакцинирани“.

Даниела Митреа, матична лекарка, беше задржана 24 часа во септември, под сомнение дека фалсификувала сертификати за вакцинација за 10 играчи од фудбалскиот клуб Пучиоаса.

Мерки за невакцинирани во БиХ - Нема да имаме емпатија за оние што се спротивставуваат

Нејзиниот сопруг, Кристијан Митреа, претседател на тимот во малиот град 100 километри северозападно од Букурешт, исто така е под истрага. Полицијата соопшти дека Митреа, кој е и заменик-претседател на Здружението на семејни лекари во локалната област, е осомничен оти ги фрлил дозите на вакцини и им дал сертификати на играчите за да можат да учествуваат на натпревари.

Практиката е неформално позната во Романија како „вакцина во мијалникот“, поради фактот дека дозата се фрла наместо да се инјектира.

Во Бугарија, главниот санитарен здравствен инспектор Ангел Кунчев изјави дека трговијата со лажни сертификати за вакцини е широко распространета.

Според Сика Милева, портпаролка на главниот обвинител, бугарски официјални лица биле инволвирани во 14 вакви случаи. Таа рече дека обвинувањата доаѓаат од седум области, главно од Софија. „Ќе бидеме бескомпромисни“, рече таа.

Кунчев пак, издвои еден случај на лекар со ординација во централна Бугарија. „Бевме импресионирани што покрај големиот дадени вакцини овој лекар вакцинирал луѓе и низ цела Бугарија. Има пациенти од Елхово (југоисточна Бугарија) и Варна (источна Бугарија.)“

Имате сертификат, ќе патувате

Но, бидејќи случаите на коронавирус се зголемуваат, многу луѓе сега жалат што купиле лажни сертификати. Марија и Иван (ова не се нивните вистински имиња) од Софија за бугарската служба на РСЕ изјавија дека платиле 600 лева (354 американски долари) за да ги добијат сертификатите. Тие рекоа дека им биле потребни за да патуваат во Грција и Франција.

Низ земјите на ЕУ, откако ќе се вакцинираат, луѓето добиваат сертификат со QR-код од официјална веб-страница. Тие можат да носат хард копија од сертификатот или да го вчитаат документот на различни апликации одобрени од ЕУ. Сертификатот потоа може да се користи за влез во ресторани, кина и за патување во странство.

Марија и Иван рекоа дека добиле ковид-19 во зимата 2020 година, непосредно пред да започне вакцинацијата. Нивниот матичен лекар им кажал да почекаат, бидејќи имале многу антитела и немало смисла да брзаат.

Во мај, како што рекоа, одлучиле да купат лажни сертификати по медиумските извештаи за можните несакани ефекти од вакцините. „Прво имаше проблеми со АстраЗенека, потоа почнав да читам за проблемите со Фајзер, и затоа во мај, кога знаевме какви се нашите летни планови, решивме да купиме сертификати“, рече Марија.

Фокусот да се стави на невакцинираните, а не на трета доза

Им беа потребни 24 часа за да ги добијат документите, дека добиле две дози Фајзер. Тие контактирале со познаник и отишле во болница во Софија на крајот од работниот ден.

„Првично ни беше кажано дека цената е 400 лева (236 американски долари), но кога дознаа дека сме семејство, дури ни дадоа попуст и ние плативме 600 лева“, додаде Иван.

На бугарските социјални медиуми, се објавуваат лажни потврди за вакцинација за само 200 лева. Марија рече дека никој не ја прашал зошто не сака да се вакцинира. „Објаснив: имаме антитела и се плашиме од несаканите ефекти на вакцините“, рече таа.

Во Романија, на апликацијата за пораки „Телеграма“, основана од руски милијардер, групата „CERTIFICAT_COVID19“ со 600 членови ветува лажни сертификати.

Новинар на романската телевизија Диги24 ѝ се приклучи на групата и му беше понуден лажен сертификат за вакцина за 100 евра. На известувачот му беше ветен документ со QR-код дека примил вакцина од Џонсон и Џонсон во една доза во болницата Григор Александру во Букурешт, иако најстарата романска детска болница нема центар за вакцинација.

Нов рекорд на починати од ковид во Романија

Лусијан Боде, министер за внатрешни работи на Романија, изјави дека полицијата го истражува тој случај и уште 400 одделни случаи на фалсификување вакцини. Но, и покрај полициските истраги, властите во Бугарија и Романија тешко можат да ја спречат трговијата со фалсификатите.

Бугарскиот санитарен инспектор Кунчев рече дека Министерството за здравство и регионалните здравствени власти поднеле извештаи за лекари, наводно, вклучени во трговија со нелегални документи за вакцина, но тешко било да се добијат конкретни докази.

Тој за бугарскиот сервис на РСЕ изјави дека не е јасен законот за тоа кој е одговорен за издавање на сертификатите. Марија Шаркова, експерт по медицинско право во Бугарија, вели дека законодавството е двосмислено и не прецизира кој е одговорен за внесување податоци во електронскиот систем. Тоа го отежнува казнувањето на потенцијалните престапници.

Експертите велат дека високата стапка на одбивање вакцина во двете земји е поттикната од недоверба кон властите и дезинформации на интернет и социјални медиуми.

Седум загинати во пожарот во ковид одделение во Романија

Но, проблемот се надополнува со некои медицински лица кои се противат на вакцините против коронавирусот. Шивачка од Букурешт која побара да остане анонимна, рече дека го придружувала својот партнер, кој се опоравувал од коронавирусот во април, на средба со пулмолог во една јавна болница. Според жената, лекарот им рекол: „Не примај вакцина, ќе те убие“. Кога рекла дека таа е веќе вакцинирана, докторот рекол: „Ќе умреш за три месеци“.

Како што се зголемува бројот на случаи - заедно со бројот на починати - се повеќе луѓе во Бугарија и Романија жалат што не се вакцинирале, како и за нивната одлука да добијат лажен сертификат.

Дорел Сандеск, заменик-претседател на Романската асоцијација за интензивна нега, деновиве оцени дека е преполнетите единици за интензивна нега изгледаат како „пекол“ „Има пациенти кои жалат што немаат вакцина. Има премногу од нив што ги гледаме секојдневно. Очајни се и многу е доцна", изјави тој за Диги24.

Бидејќи многу луѓе посакуваат да се вакцинираат, некои го претвораат своето жалење и вина во нешто попозитивно. Бизнисменот Ерно Ковач беше гласен антиваксер кој промовираше и објавуваше протести против носењето маски.

Но, тој се зарази со ковид-19 кон крајот на септември, по што беше хоспитализиран и му беше потребна терапија со кислород. Сега Ковач ги повикува луѓето да се вакцинираат. „Жал ми е што бев против вакцината. Ќе ја промовирам вакцината. Лекарите се херои. Им се извинувам што не им верував“, напиша тој во објавата.

Што се однесува до бугарскиот пар, тие се надеваат дека ќе добијат трета доза. „На хартија, ќе имаме три дози, но всушност тоа е само една. И една е подобро од ништо", вели Марија, додавајќи: „Ние се излажавме и постапивме прилично глупаво. Го направивме тоа од страв и малку ароганција“.





Губернаторы России
Москва

Сергей Собянин: Активно укрепляем отношения с Китаем





Москва

Топ-5 самых ярких зарубежных архитектурных проектов на первичном рынке Москвы


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Москва-Пекин. Собянин в Китае подписал соглашение о сотрудничестве



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Александр Розенбаум

Александр Розенбаум поздравил коллектив областного онкодиспансера с Днем медицинского работника




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы

В УФСИН России по Республике Дагестан прошли лично-командные соревнования по легкой атлетике


Андрей Рублёв

Теннисисты Рублев, Хачанов и Самсонова не сыграют на Олимпиаде-2024



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Галина Ржаксенская впервые стала участником ПМЭФ в Санкт-Петербурге



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России