Општина Центар ја активираше банкарската гаранција за изградба на „Шпанските скали“
![Општина Центар ја активираше банкарската гаранција за изградба на „Шпанските скали“](https://gdb.rferl.org/1519151D-3968-4E79-AEC1-5F48BCA7AB69_cx0_cy0_cw92_w800_h450.jpg)
Во буџетот на Општина Центар вратени се 6.169.500 денари, односно околу 100.000 евра, со активирање на банкарската гаранција за изградбата на таканаречените „Шпански скали“. Како што информираат од општината, до Амадеус Амадеус Девелопмент ДООЕЛ Скопје е доставена изјава за едностраното раскинување на договорот.
Обвинение за 11 лица за „Шпански скали“
Фирмата била обврзана да добие одобрение за градба до август 2014, но Општина Центар го издала одобрението цела година подоцна. Согласно договорот, фирмата требало да ги изгради Шпанските скали до август годинава.
Од Општина Центар информираат дека согласно склучениот договор, доколку купувачот не исполни дел од обврските од истиот договор и не ги испочитува утврдените рокови, договорот од страна на продавачот се раскинува и земјиштето се враќа во негова сопственост, односно во сопственост на Општина Центар.