Шестмина ерменски војници ранети во Нагорно-Карабах
![Шестмина ерменски војници ранети во Нагорно-Карабах](https://gdb.rferl.org/bc899435-c2e0-421d-81bf-8fabc819b998_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Азербејџанските сили раниле шестмина ерменски војници во енклавата Нагорно-Карабах околу која се водеше војна меѓу двете земји минатата година.
Според ерменскиот пратеник за човекови права Раман Татојан, двајца од ранетите војници се во критична состојба.
Инцидентот се случил во близина на селото Нор Чен во Нагорно-Карабах во близина на положбата на оружените сили на Азербејџан, напиша тој на Фејсбук, додавајќи дека биле пукано и од други правци.
Технологијата и Турција стојат зад воената победа на Азербејџан во Нагорно Карабах
Баку вчера јави дека загинал еден азербејџански војник, на кого пукал ерменски снајперист во Нагорно-Карабах.
Истиот ден министрите за надворешни работи се сретнаа во Минск да разговараат за смирување на тензиите.
Во есента 2020 година во Нагорно-Карабах беше водена шестнеделна војна меѓу Азербејџан и Ерменија во која загинаа над 6500 луѓе.
Судирот беше завршен со тежок пораз на Ерменија и потпишување на примирје со руско посредување, според која Азербејџан ги доби териториите кои ги бараше од почетокот на првата војна меѓу двете земји од почетокот на 1990-тите.