Во Русија над 1000 смртни случаи од ковид за еден ден
![Во Русија над 1000 смртни случаи од ковид за еден ден](https://gdb.rferl.org/02340000-0aff-0242-ebde-08d98e398f71_w800_h450.jpg)
Во Русија, 1002 луѓе починале како резултат на инфекција со корона вирус во последните 24 часа. Ова е првпат бројот на смртни случаи да надмине илјада за еден ден.
Со ова, вкупниот број на жртви на ковид 19 во Русија достигна 222 315 лица. Еден ден претходно, 999 луѓе починаа како резултат на инфекцијата.
Русија руши црни ковид рекорди, 986 смртни случаи за 24 часа
Исто така, во последните 24 часа, инфекцијата е потврдена кај 33 208 лица, додека ден претходно таа бројка била 32 196.
Од почетокот на пандемијата 7 958 384 луѓе се заразени во Русија.