Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон е отпуштен од болницата
![Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон е отпуштен од болницата](https://gdb.rferl.org/46be0000-0aff-0242-3047-08d98fa10029_w800_h450.jpg)
Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон е отпуштен од болницата во Калифорнија, откако минатата недела беше примен на лекување на уринарна инфекција.
Седумдесет и петгодишната Клинтон излезе од Медицинскиот центар „Ирвин“ на Универзитетот во Калифорнија во придружба на неговата сопруга, Хилари Клинтон, која е поранешен државен секретар и кандидат за претседател на Демократската партија во 2016 година,.
Клинтон дома ќе го продолжи третманот со антибиотици.
Клинтон беше во Калифорнија на настан на неговата фондација и на 12 октомври беше однесен во одделот за интензивна нега.
Поранешниот претседател на САД Бил Клинтон хоспитализиран поради инфекција
Доктор Алпеш Амин, кој се грижеше за Клинтон во болницата, преку соопштението рече дека Клинтон е отпуштен откако температурата и белите крвни клетки се нормализирани.
Клинтон имаше здравствени проблеми во минатото.
Клинтон беше 42-от претседател на САД од 1993 до 2001 година.