Првата група на ЛГБТ од Авганистан пристигна во Британија
Повеќе од дваесетина Авганистанци од ЛГБТ заедницата пристигнаа во Британија. Тие се извлечени од Авганистан со интервенции на британската министерката за надворешни работи Лиз Трус и организациите за правата на хомосексуалците, кои се обидуваа да им помогнат на овие луѓе да ја напуштат земјата откако талибанците ја презедоа власта.
Во соопштението на Министерството за надворешни работи се наведува дека се надеваат оти пристигнувањето на 29-те Авганистанци ќе биде првото од многуте во наредните месеци.
ОН-Авганистан се соочува со тешка хуманитарна криза
„Игравме клучна улога во извлекувањето на овие луѓе и ќе продолжиме да правиме сè што можеме за да им помогнеме на загрозените Авганистанци да ја напуштат земјата“, се вели во изјавата на министерката за надворешни работи Трус.
ХРВ: Талибанците воведуваат построги правила во провинциите
Во првата група се студенти и активисти кои постојано се залагаат за еднаквост на ЛГБТ заедницата во Авганистан. Под власта на талибанците, ЛГБТ заедницата е една од најранливите групи во Авганистан.
„Многумина од нив се соочуваат со зголемен интензитет на прогон, дискриминација и напади“,, се вели во соопштението.
Луѓето ќе биде поддржани од неколку организации за да почнат нов живот во Британија.