Антикорупциска: 700 случаи на непријавување имот од функционери
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврдила дека во 710 случаи по избори и именувања или по престанок на функцијата не е исполнета законската обврска односно во законски предвидениот рок од 30 дена лицата не поднеле анкетен лист до Антикорупциската комисија, јави МИА.
Против сите лица за кои е утврдено дека во законски утврдениот рок не ја исполниле законската обврска за поднесување анкетен лист до Антикорупција, ќе им се издаде прекршочен платен налог, за сторен прекршок во членот 82 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, информираше на денешната седница Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.
Ќе се конфискува имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже
„Ова значи дека се работи по сите овие предмети, се обезбедуваат податоци онаму каде што недостасуваат, имајќи предвид дека во Служебен весник има податоци само за име и презиме, нема матични броеви, така што за сите овие лица ќе им се изработат платни налози односно ќе започне прекршочна постпака понатаму доколку не ги платат платните налози“, појасни Ивановска, додавајќи дека како ќе бидат завршувани предметите на кого се однесуваат, така ќе бидат и објавувани, пренесе МИА.