Брнабиќ - Кривокапиќ ќе разговара за Отворен Балкан со Вучиќ, Рама и Димитров
![Брнабиќ - Кривокапиќ ќе разговара за Отворен Балкан со Вучиќ, Рама и Димитров](https://gdb.rferl.org/c3410000-0aff-0242-0919-08d99ec94893_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека поканата за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан е отворена за сите, а одлуката за приклучување на Црна Гора е во Подгорица.
Димитров ќе го замени Заев на утрешниот состанок на „Отворен Балкан“
На прашањето дали со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, кој е во посета на Белград, разговарала за оваа иницијатива и дали го повикала да се приклучи на разговорите со колегите од регионот што ќе се одржат вечерва и утре, Брнабиќ изјави дека тие разговарале за Отворен Балкан, дека Кривокапиќ за тоа слушал со „отворено срце“, и дека ја прифатил поканата за вечера, на која ќе присуствуваат премиерот на Албанија Еди Рама и македонскиот вицепремиер Никола Димитров, кои денеска пристигнуваат во Белград.
„Што ќе се случи понатаму е суверена одлука на Црна Гора, јас не би навлегувала во тоа. Тие имаат отворена покана, како и сите други“, кажа Брнабиќ.
Таа порача дека оваа иницијатива е иднината на Балканот и нешто во кое вреди да се вложат време, енергија и пари.