Нови 568 случаи на коронавирус, почина 16-годишна девојка
Во изминатите 24 часа се регистрирани 568 нови случаи на коронавирус во земјава, а 19 луѓе починале. Од нив 12 починале во изминатото деноноќие, а 7 луѓе починале од 14 до 31 октомври, но сега се пријавени.
Меѓу починатите има и 16-годишна девојка од тетовско. Останатите починати се на возраст од 44 до 90 години.
Мерките се олабавија, заболените се намножија
Направени биле 3.594 тестирања, информира Министерството за здравство.
Најмногу нови случаи има во Скопје – 230, Куманово 44, Битола 39, Прилеп 29, Кавадарци 27, Штип 26, Велес 19, Кочани 18, Тетово 16, Делчево 13, Кичево 12, Гевгелија 11, Охрид и Струмица по 10, Неготино и Крива Паланка по 9, Свети Николе 7, Берово 6, Богданци 5, Гостивар, Ресен и Кратово по 4, Радовиш, Пробиштип и Македонска Каменица по 3, Крушево и Демир Хисар по 2, и Валандово, Македонски Брод и Дојран по еден нов случај.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.866, бројот на оздравени пациенти е 189.557, на починати е 7.178, а бројот на активни случаи изнесува 7.131.