Пожар во стан со отпад во скопската населба Пролет
![Пожар во стан со отпад во скопската населба Пролет](https://gdb.rferl.org/DCF05F79-5616-4D4A-84F1-551F83EDE6D9_w800_h450.jpg)
Во близина на Транспортен центар, во населба Пролет, денеска изби пожар, а според информациите, тој настанал од запалено ѓубре во стан на приземниот кат.
Според првичните извештаи се работи за лице кое живее сам и во својот стан собира отпад којшто повремено го пали.
Денешниот е трет сличен инцидент со подметнат оган во истиот стан.
Пожарот е изгаснат и во него нема повредени станари.