Околу 150 авганистански пилоти од Таџикистан ќе заминат за САД
Околу 150 авганистански пилоти обучени од САД се подготвуваат да заминат од Таџикистан за да бидат преместени во Соединетите држави по речиси три месеци, соопштија претставници на американската амбасада.
143-те пилоти и околу 100 други Авганистанци, вклучително и новинари, чекаат на аеродромот во главниот град на Таџикистан, Душанбе, за лет организиран од владата на САД, кој се чини дека е одложен, објави денеска таџикистанскиот сервис на РСЕ.
Претставник на Амбасадата на САД за РСЕ изјави дека групата ќе биде однесена во трета земја пред да и се доделат правата за имиграција во Соединетите држави. Летот би можел да пристигне денеска или во наредните денови, соопштија претставници на амбасадата.
Помошта за Авганистан станува прашање на живот или смрт
Пилотите на авганистанските воздухопловни сили побегнаа во Таџикистан со воени авиони кога талибанците ја презедоа власта во Кабул во средината на август, само за да бидат задржани во санаториум во периферијата на Душанбе.
Пилотите кои зборуваат англиски, обучени од американското военото воздухопловство, чекаа да се обработат нивните документи за на крајот да бидат преместени во САД.
РСЕ во октомври објави дека талибанците извршиле притисок врз некои од пилотите да се вратат во Авганистан, заканувајќи им се дека ќе ги убијат нивните роднини.