Филипче: Расте бројот на заразени од ковид, вакцинацијата стагнира
![Филипче: Расте бројот на заразени од ковид, вакцинацијата стагнира](https://gdb.rferl.org/37f2567b-a16d-431e-8c9f-2346d5f385b1_w800_h450.jpg)
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека епидемиолошката состојба во земјава бележи зголемување на заболени од ковид 19 во последните две недели. Бројот е зголемен за 25 проценти, за разлика од претходниот период. Во однос на инциденцата последните 2 недели, таа е зголемена за 28,5 во вкупно 35 градови, а во други 7 е непроменета или има одредено намалување.
„Ваквиот раст е очекуван, силе удар има и кон болниците исто како и во регионот. Во однос на хоспитализацијата, исто така е забележан раст за 15 проценти. Сега се хоспитализирани 518 пациенти после долг период на територијата на цела држава, а добро е што нема голем притиок и нагол пораст на пациенти“, истакна Филипче на денешната прес конференција.
Козле: 21 дете заразено со ковид, две се на кислородна поддршка
Мерките се олабавија, заболените се намножија
Причините за ова, како што рече, може да се бараат во неколку фактори, меѓу кои поголемиот број на помлади лица коишто се и лица заболени, но се вакцинирани, што значи дека имаат полесна форма на болеста и нема потреба за хоспитализација. Според него, важно е што процентот на хоспитализирани во споредба со претходните бранови е намален. Сега е 6,4 проценти од 8000 активни случаи.
„До крајот на оваа недела ќе заврши постапката за секвенционирање на вирусот за да видиме со каква мутација вирусот сега е доминантен. Во моментот вакцинацијата е во стагнација“, додаде министерот.
Во однос на вакцинацијата, како што рече, до сега се аплицирани над 1,6 милиони дози вакцини на територијата на цела држава. Прва доза на вакцини примиле 810 илјади граѓани, околу 8000 граѓани се вакцинирани во странство, а ревакцинирани над 780 илјади граѓани. Филипче додаде дека во моментот не се размислува за воведување на задолжителна вакцинација.