Затворска казна за проневера на милиони долари при изградба на космодромот Восточни во Русија
Судот во Русија осуди четири лица на затворски казни за проневера на 5,6 милиони долари при изградбата на космодромот Восточни на Далечниот Исток.
Судот денеска им изрече казни затвор во траење од четри до 5 ипол години на четворицата поранешни извршни директори и експерти од градежни компании, Евгениј Јермолаев, Андреј Захаров, Олга Зугаева и Сергеј Поливанов. Сите обвинети се изјаснија за невини.
Петтото лице обвинето во случајот, Вјачеслав Фаткулин, останува на слобода, се вели во соопштението на Истражниот комитет.
Проектот Восточни во регионот Амур во близина на кинеската граница имаше за цел да ја намали зависноста на Русија од космодромот Бајконур во Казахстан, кој е од советската ера за лансирање ракети со екипаж. Но за проектот има извештаи за корупција, при што десетици луѓе вклучени во планирањето и изградбата на објектот беа уапсени под обвинение за проневера и измама во последниве години.
Русија лансира ракета од нов космодром
Изградбата на новиот космодром започна во 2012 година. Во 2019 година, портпаролот на Кремљ изјави дека за време на процесот на градење биле проневерени 154,2 милиони долари.
Првото лансирање од космордомот Восточни беше во април 2016 година, но оттогаш имаше само уште неколку обиди. Изградбата на прокетот продолжува.