Осудени двајца Литванци, шпионирале за Русија
Судот во Литванија донесе осудителна пресуда за двајца државјани по обвинение дека шпионирале за Русија. Станува збор за Алексејус Грејциус кој е осуден на четири години затвор и Миндаугас Туникаитис кој одби 18 месеци затвор, откако Судот во поранешната советска република Литванија ги прогласи за виновни за собирање податоци за руската Федерална служба за безбедност.
Грејсиус е јавна личност и управен директор на Балтичкото здружение на млади. Тој е познат во јавноста за своите проруски ставови. Тој во судот се изјасни за невин, додека Туникаитис се изјасни за виновен.
Судењето се одржа зад затворени врати поради прашата кои се поврзани со националната безбедност. Според обвинението двајцата обвинети не се познавале, но биле во контакт со истиот агент на ФСБ во последните години.
Литвански политичар осуден на 6 години затвор поради шпионажа за Русија
Од 2014 година, кога руското заземање на Крим и нејзината поддршка на сепаратистите во војната во источна Украина предизвикаа загриженост кај некои други поранешни советски републики, литванските судови осудија неколку лица за шпионирање за Русија или нејзиниот близок сојузник, Белорусија.