Починати 13 лица и нови 469 заразени со ковид-19
Во изминатово деноноќие се евидентирани нови 469 позитивни случаи на ковид-19 од направени 3 296 тестирања. Во изминативе 24 часа се евидентирани се 13 починати пациенти поради компликации настанати од коронавирусот, соопшти министерството за здравство. Најмладиот починат пациент е жител на Неготино на возраст од 33 години, додека најстариот е жител Крива Паланка на возраст од 82 години.
Вакцинирани 39 проценти од македонското население
Евидентирани се оздравени 375 пациенти. Вкупниот број на активни случаи на заразени со ковид-19 изнесува 8 415. Најголем број на активни случаи во земјава е забележан во главниот град и изнесува 3797 случаи на заразени со ковид-19. Потоа во Битола каде што има евидентирани 635 активни случаи и Прилеп со 401 евидентирани активни случаи на заразени со ковид-19.
Над 70 отсто од заразените и 80 проценти од починатите од ковид не биле вакцинирани
Досега во земјата се направени вкупно 1.421.951 тестирањана Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.467,бројот на оздравени пациенти е 192.745, на починати е 7.307.