Брнабиќ - Србија не сака членство во НАТО, но настојува да одржи соработка
Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека Србија не сака членство во НАТО, но дека настојува да одржува дијалог и соработка. На отворањето на Роуз-Рот семинарот на Парламентарното собрание на НАТО во Белград, Брнабиќ рече дека соработката меѓу Србија и НАТО во изминатите години била добра и дека Србија „посебно го цени ставот на НАТО за потполно почитување на нејзината воена неутралност“.
Таа рече и дека Србија во соработка со НАТО успешно реализирала повеќе од 40 проекти.
Говорејќи за регионалната соработка, Брнабиќ рече дека мирот и безбедноста е основен услов за напредок на секоја земја, но и за регионот во целина.
„Каква било нестабилност во кој и да е дел ќе има влијание на целиот регион“, рече Брнабиќ. Таа додаде дека Србија ги почитува своите соседи и доследно го почитува немешањето во внатрешните прашања на соседите.
Договорени сите активности на „Отворен Балкан“ до Самитот во Тирана
Таа ги повика сите на Балканот кои немаат пристапено во „Отворен Балкан“, вклучително и Косово, да се приклучат на иницијативата, истакнувајќи дека поканата е постојано отворена.