Курти за РСЕ- Очекувам во мојот мандат да се постигне договор со Србија
Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за Радио Слободна Европа вели дека неговото Движење Самоопределување ги анализира причините за лошите резултати од локалните избори. По вториот круг од овие избори, кој се одржа на 14 ноември, Самоопределување заврши со раководство во четири општини од вкупно 38. Овој резултат, според Курти, е незадоволителен.
Голем пораз на премиерот Курти на локалните избори на Косово
Тој во интервјуто на два дена по изборите, посочува дека е подготвен за дијалогот со Србија, но додава дека од следната средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе зависи формата на дијалогот. Зборувајќи за можен договор со Србија за нормализирање на односите, тој вели дека фокусот треба да биде на меѓусебното признавање.
„Не можам да предвидам кога тоа ќе се случи, но ако се земе предвид дека мандатот на американскиот претседател (Џо) Бајден, мандатот на потпретседателот на Европската комисија, Борел и мојот мандат ќе имаат приближно исто времетраење , се очекува во рамките на овие мандати, кои се горе-долу исти временски, да склучиме сеопфатен договор со Србија. Значи, имаме волја и интерес, зависи дали Србија е подготвена“ изјави Курти.
Курти, како што вели, е загрижен поради „милитаризација на Србија“.
„Гледате, Србија во моментов троши повеќе за војска отколку другите пет држави од Западен Балкан заедно. Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и Северна Македонија заедно не трошат толку за Србија колку само Србија. Таа не го прави ова за Унгарија и Романија и оваа милитаризација на Србија е многу загрижувачка за нас,“ вели во интервјуто Курти.
ЕУ - Ситуацијата на Западен Балкан е „сè попредизвикувачка“
Тој додава дека разговорите меѓу Косово и Србија не е дијалог за статусот на Косово, ниту за внатрешни прашања на Косово, туку за статусот на нивните односи. Според него Косово е независна и суверена држава, со територијален интегритет и со многу проблеми, а еден од главните е Србија.