Линхард – Рестрикциите за невакцинираните во Австрија даваат резултати
![Линхард – Рестрикциите за невакцинираните во Австрија даваат резултати](https://gdb.rferl.org/0bd80000-0aff-0242-4f8b-08d9aa7f8bb9_w800_h450.jpeg)
По воведувањето на новите рестриктивни мерки во Австрија за лицата кои не се вакцинирани, само минатата седмица имало околу 130,000 луѓе кои се вакцинирале, вели австрискиот министер за европска и меѓународната соработка Михаел Линхарт во интервју за МИА.
Тој вели дека сите се силно погодени од пандемијата и ставот на австриските власти во моментот е дека треба да се охрабрат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи вакцинација на што повеќе луѓе е вистинскиот пат
„Сега имаме мерки преку кои луѓето кои не се вакцинирани ја немаат таа слобода како вакцинираните, и увидовме дека тоа дава резултати во спремноста на луѓето да се вакцинираат“, истакнува Линхарт.
Австрија од 15 ноември стави во состојба на заклучување милиони луѓе кои не се целосно вакцинирани против коронавирусот за да се справи со порастот на инфекциите на рекордно ниво и растечкиот притисок врз единиците за интензивна нега, соопшти владата.
Австрија нареди заклучување за оние кои не се вакцинирани против ковид-19
Линхарт во интервјуто, говори и за европската перспектива и процесот на приклучување на земјава и регинот во ЕУ, посочувајќи дека Австрија негува големо пријателство со Северна Македонија и дека двете држави имаат долга заедничка историја.
Според него, Австрија е уверена дека Северна Македонија е подготвена за процесот на преговори за членство во Европската унија.
Линхард вчера беше во посета на Македонија и имаше средби со македонските власти.