Тридневната жалост ја одложи седницата за пратенички прашања
Собраниската седница за поставување пратенички прашања и традиционалниот месечен брифинг со претседателот на Собранието Талат Џафери предвидени за утре, нема да се одржат, соопшти собраниската прес-служба. Од таму наведуваат дека утрешните активности во Собранието се откажани поради прогласената тридневна жалост во земјава по автобуската несреќа во Бугарија.
Владата вчера прогласи тродневна жалост.
Владата прогласи тридневна жалост
За време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјата во странство, ќе биде истакнато на половина копје. Се одлагаат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост, соопштија од Владата.