442 позитивни на коронавирус, 10 починати
![442 позитивни на коронавирус, 10 починати](https://gdb.rferl.org/4aabe467-38a9-4f89-9ebd-79523d523caf_w800_h450.jpg)
Во изминатото деноноќие се регистрирани 442 нови случаи на коронавирус, а 5 луѓе починале сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Според Регистарот на починати од ковид, дополнително пријавени се уште 5 починати во период од 11 до 22 ноември, се вели во соопштението.
Направени се 2.939 тестирања. Најмногу нови случаи има во Скопје – 168, Битола 41, Прилеп 31, Кавадарци 24, Охрид 15...
Колективен ковид имунитет или вирусот станува ендемски
Регистрирани сe 373 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментов е 8.339.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 213.306, бројката на оздравени пациенти е 197.493, на починати е 7.474.