Алтернатива се надева на поголем дел од „владиниот колач“ од реалниот
![Алтернатива се надева на поголем дел од „владиниот колач“ од реалниот](https://gdb.rferl.org/05320000-0a00-0242-c74d-08d9b2962f38_cx4_cy8_cw92_w800_h450.jpg)
Опозициската Алтернатива преговара за влез во власта во ситуација во која во преговорите може да добие многу повеќе отколку што би добила во некои помирни околности. Во моментов и власта и опозицијата во Собранието имаат по 60 пратеници, па четирите пратеници на Алтернатива вредат како „суво злато“.