Соборени две вооружени беспилотни летала во Багдад
Две вооружени беспилотни летала беа соборени додека се приближувале до воениот објект во кој се сместени американските сили на меѓународниот аеродром во Багдад, соопштија безбедносни извори, во услови на зголемени регионални тензии на втората годишнина од убиството на највисокиот ирански генерал.
Нема извештаи за материјална штета или повредени од инцидентот, што го потврдија и ирачките безбедносни претставници.
Генералот Касем Сулејмани, кој ги предводеше елитните сили на Исламската револуционерна гарда и неговиот ирачки поручник Абу Хамид ал-Мухандис, беа убиени на 3 јануари 2020 година во напад со беспилотно летало во близина на аеродромот во Багдад.
Иран издаде налог за апсење на Трамп
Воздушниот напад, по наредба од тогашниот претседател Доналд Трамп, дојде како одговор на серијата напади против интересите на САД во Ирак.
Сулејмани се сметаше за главен архитект на иранската воена стратегија на Блискиот Исток, а неговото убиство ги зголеми тензиите меѓу Иран и САД.
Пет дена по смртта на Сулејмани, Иран истрела проектили врз ирачката воздушна база во која се сместени американските сили и друга база во близина на ирачкиот град Ирбил.